Балканска мусака

Порции
4
Време на подготовка
30 минути
Време на печење
40 минути

Состојки

  • 200 гр. мелено месо
  • 600 гр. тиквички
  • 600 гр. модри патлиџани или брокула
  • 100 гр. кромид
  • 8 јајца
  • млеко
  • кашкавал
  • зачин

Начин на подготовка

Кромидот се сечка ситно, се става во тава и на оган да се пропржи малку. Му се додава меленото месо и се пропржува. Кога е готово, се остава да стои настрана. Тиквичките се мијат убаво под млаз вода, се сечат на тркалца, се валкаат во 3 разматени јајца и во брашно и се пржат. Модрите патлиџани (како замена може да се употреби брокула) се лупат, се сечкаат на тркалца и се обаруваат кусо време во солена вода. Потоа, во огноотпорно тавче се редат најпрво тркалцата модар патлиџан, па месото, потоа тиквичките. Посебно се приготвува прелив од 5 разматени јајца и млеко кој се истура врз мусаката. Одозгора се ренда малку кашкавал и се става да се пече во рерна 40 минути.


  • Испечати!  
  • Препорачај на пријател!  

Купувајте од ДОМА! On-Line маркет!

Маркет локатор

Локатор на маркети

Маркет во Ваша близина

Е-новости/Е-магазини

Е-Новости

Регистрирајте се за е-новостите и е-магазините на Maxi D!

Најнови понуди во маркет, рецепти, совети за здрав живот, ...

Вашите поплаки и коментари на: