Дијабетис и здрава исхрана

Дијабетис и здравата исхрана

Здравата и балансирана исхрана и поголемата физичка активност може да Ви помогне да го контролирате Вашиот дијабетис.
Луѓето со дијабетис може да имаат нормален здрав живот.

Што е дијабетис?

Дијабетис се развива кога организмот не може правилно да одговори на гликозата. Како резултат на тоа, луѓето со дијабетис може да имаат абнормално високи нивоа на гликоза во крвта, ако состојбата не се контролира.

Типови дијабетис

Постојат два типа дијабетис: тип 1 и тип 2. Типот 1 со поголема веројатност може да се појави кај помлади луѓе, обично до 40-тата, иако може да се развие на било која возраст. Овој тип се развива кога се уништуваат ќелиите во панкреасот кои произведуваат инсулин. Инсулинот е хормон којшто ги регулира нивоата на гликоза во крвта. Овој тип дијабетис е поретка појава, афектира од 5% до 15% од дијабетичарите. Се третира со инсулински инјекции и здрава прехрана.

Дијабетисот од типот 2 обично се дијагностицира кај постари луѓе - колку сте постари, ризикот е поголем. Меѓутоа, може да се јави и кај помлади луѓе, а понекогаш и кај деца. Овој тип дијабетис може да се третира со прехрана и со вежбање, иако често пати се потребни и лекарства, а понекогаш и инсулин.

Ефекти на здравјето

Луѓето со дијабетис може да имаат нормален здрав живот. Меѓутоа, слабо контролираниот дијабетис може да доведе до компликации како срцеви заболувања, заболувања на бубрези, слепило и нервни проблеми кои може да доведат до ампутација.

За двата типа дијабетис, екстремно е важно да се контролираат нивоата на шеќерот во крвта и крвниот притисок, за да се спречат долгорочни компликации.

Колкав е ризикот да заболите од дијабетис?

Не може со сигурност да се каже кои луѓе заболуваат од дијабетис од тип 1, но голема е веројатноста луѓето кои имаат близок роднина со дијабетис, да развијат дијабетис.

Со голема веројатност може да заболите од дијабетис тип 2 ако:

  • имате роднина со дијабетис (родител, брат или сестра);
  • имате прекумерна тежина;
  • имате повеќе од 40 години;
  • сте имале дијабетис за време на бременоста;

Дали дијабетисот може да се спречи?

Не постои сигурен начин како да се спречи дијабетис. Меѓутоа, здравата и балансирана исхрана, регуларната физичка активност и намалувањето на тежината ако сте претешки, може да да ја задоцни појавата на оваа состојба.

Дијабетски производи

Диетичарите обично не препорачуваат специјални производи за дијабетичари. Храната којашто обично се нарекува "дијабетска" не е неопходно поздрава или посоодветна за дијабетичарите, а вообичаено е поскапа.

Многу од производите кои се нарекуваат "дијабетски" се колачи, чоколада и бисквити. А, општа препорака е да се избегнува ваквата храна.

Каква храна треба да јадат дијабетичарите?

Луѓето со дијабетис треба да ја одржуваат телесната тежина здрава и да консумираат храна:

  • сиромашна со масти (посебно заситени масти);
  • со малку шеќер;
  • со малку сол;
  • богата со овошје и зеленчук (најмалку 5 порции дневно);
  • богата со сложени јаглехидрати (скробна храна - житарки, пожелно од цели зрна);

Генерално, нема храна која луѓето со дијабетис не треба да ја јадат. И нема потреба целосно да се исфрли шеќерот од исхраната. Но, како и секој, дијабетичарите треба да јадат мали порции храна богата со шеќер и масти. Колачи и бисквити треба да јадат оскудно, како дел од балансираната исхрана.

Ако сте склони кон хипогликемија (ниско ниво на шеќер во крвта), понекогаш ќе имате потреба од брзо зголемување на нивото на шеќер во крвта. Во такви случаи треба да земете некој благ напиток или гликозни таблети, и веднаш потоа некој скробен оброк, на пример, сендвич.


  • Испечати!  
  • Препорачај на пријател!  

Купувајте од ДОМА! On-Line маркет!

Маркет локатор

Локатор на маркети

Маркет во Ваша близина

Е-новости/Е-магазини

Е-Новости

Регистрирајте се за е-новостите и е-магазините на Maxi D!

Најнови понуди во маркет, рецепти, совети за здрав живот, ...

Вашите поплаки и коментари на: