Алергија и нетолеранција на храна

Алергија и нетолеранција на храна

Алергија или нетолеранција на храна

Алергијата на храна и нетолеренцијата на храна се два типа чувствителност на храна. Кога некој има алергија на храна, тоа значи дека неговиот имунолошки систем реагира на поединечна храна како да е таа небезбедна. Организмот реагира на одредени хемиски соединенија во храната (протеини) така што произведува антитела, што може да предизвика моментни и жестоки симптоми како потечени усни или очи, дијареа и/или повраќање, иритирана кожа итн, а во најекстремни случаи, тешкотии во дишењето и нагло паѓање на крвниот притисок. Храна која може да предизвика алергиска реакција може да биде јаткасто овошје, кикиритки, риба, јајца, млеко, пченица, соја и сл.

Нетолеранцијата на храна не го инволвира имунолошкиот систем и генерално не е опасна по живот. Но, ако конзумирате храна која не ја толерирате, тоа може да предизвика да се чувствувате болни или да го афектира Вашето здравје на подолг период. Симптомите може да вклучат главоболка, исцрпеност и дигестивни проблеми. Пример е нетолеранцијата на лактоза, кога некои луѓе не може да го дигестираат шеќерот во млекото. Нетолеранцијата на храна потешко се дијагностицира од алергијата. Единствениот веродостоен начин да се дијагностицира е да се отстрани сомнителната храна од исхраната со цел да се утврди дали симптомите ќе се подобрат. Ако симптомите се подобрат, храната треба повторно да се воведе во исхраната и да се набљудуваат знаците кои укажуваат на повраток на симптомите. Оваа постапка треба да се применува само под надзор на регистриран диететичар.

Ако се сомневате дека имате алергија или нетолеранција на храна, тогаш е важно да имате правилна дијагноза воспоставена од лекар. Не ги исфрлајте поединечните групи храна од Вашата исхрана без стручен совет од регистриран диететичар за тоа како да ја раководите Вашата исхрана за задоволување на сите Ваши нутриционистички потреби.

Совети при купување храна

Kupuvanje hrana za nekoj so alergija ili netolerancija na hrana

При купување храна во супермаркети потребно е:

  • да ги проверите состојките за да се осигурате дека производот не содржи алергени (јајца, пченица, глутен и др.) на кои е алергична личноста за која купувате.;
  • да проверите евентуално дали постои некој алерго-совет на етикетата на производот.

Како и во листата на состојки, на етикетата на многу производи храна има предупредување за тоа дали содржи или не содржи одредена храна, како млеко или глутен. Некои производители користат симболи за да го прикажат ова. Така, ако нема предупредувачка изјава на етикетата, не претпоставувајте дека производот не содржи храна на која сте нетолерантни. Задолжително проверувајте ги состојките.

Подготовка на храна за лица со алергија

Podgotovka na hrana za lica so alergija

  • Да се избегнува вкрстена контаминација, да се складира храна како јаткасто овошје, кикиритки, брашно и млеко одвоено во затворени контејнери.
  • Секојпат мијте ги рацете темелно и избегнувајте допир со друга храна се додека не завршите со подготовка на оброкот.
  • Целата опрема за готвење перете ја темелно со жешка вода и сапун.
  • Ако користите масло за готвење, не го употребувајте повторно маслото во кое била готвена храната.

Зошто се добива алергија на храна

Не се знае точно зошто некои луѓе имаат алергија на храна, а други не. Но, многу е веројатно дека некој ќе развие алергија на храна ако негов родител, брат или сестра има алергија од било кој тип.

Децата до тригодишна возраст развиваат алергии почесто од возрасните. Многу алергии на храна се манифестираат во детството, но исчезнуваат подоцна. Меѓутоа, кај некои луѓе алергиите не се губат, а други развиваат алергии како возрасни.

Исто така, се смета дека навиките на исхрана, на пример, колку една личност консумира одредена храна, се важни. Ова може да биде објаснување зошто некои алергии на одредена храна се почести во земјите каде што таа храна се јаде повеќе, на пример, алергија на риба во Скандинавските земји (Норвешка, Шведска и Данска), алергија на ориз во Јапонија и алергија на кикиритки во САД.

Но, изгледа дека навиките на исхрана не ја сочинуваат целата приказна. На пример, алергијата на кикиритки е или многу ретка или непозната во Индонезија и делови од Африка, дури и кога кикиритките вообичаено се јадат во овие земји. Некои експерти веруваат дека алергијата сега е повообичаена во некои земји во однос на други поради начинот на живот. Се чини дека, кај луѓето во поразвиените земји со поголема веројатност може да се појават сите видови алергии отколку во земјите во развој.

Бројот на луѓето кои страдаат од алергија на храна во развиените земји се чини дека е во пораст последниве неколку години, но не постои дефинитивна информација за ова. Ако алергијата на храна е позачестена, тоа би требало да се совпадне со порастот на алергиски заболувања како астма, егзема и алергиски ринитис (воспаление на носот како последица на алергија).

Здрава исхрана

Важно за секого е да се јаде здрава и избалансирана храна. Понекогаш луѓето со алергија на храна се загрижени за тоа дека тоа што не смеат да јадат одредена храна ќе им наштети на нивното здравје. Но, ако не смеете да конзумирате одредена храна, постои друга храна која може да ја јадете за да ги примите потребните хранливи материи. Ако сте загрижени за Вашата исхрана, добра препорака е да зборувате со диететичар, кој ќе може да Ве посоветува за здравиот режим на исхрана во случаи кога треба да ја избегнувате храната на која сте алергични. Начинот на подготовка на храна може да биде важен фактор. На пример, луѓето со алергија на кикиритки може да реагираат повеќе на помали количини печени кикиритки отколку на сурови или варени.


  • Испечати!  
  • Препорачај на пријател!  

Купувајте од ДОМА! On-Line маркет!

Маркет локатор

Локатор на маркети

Маркет во Ваша близина

Е-новости/Е-магазини

Е-Новости

Регистрирајте се за е-новостите и е-магазините на Maxi D!

Најнови понуди во маркет, рецепти, совети за здрав живот, ...

Вашите поплаки и коментари на: