Морско ризото
- Порции
- 2
- Време на подготовка
- 40 минути
Состојки
- 130 гр. школки
- 150 гр. шкампи
- 150 гр. лигњи
- 130 гр. кромид
- 1. блага пиперка
- 1 домат
- 200 гр. ориз
- сол
- црн пипер
Начин на подготовка
Ги сечкаме ситно кромидот и пиперката и ги пропржуваме на врело масло. Потоа, ги додаваме морските плодови, претходно исчистени и измиени. Сето тоа се пржи уште некое време, па се додава оризот. Сета смеша се пропржува уште малку и се зачинува. Се долева 400 мл вода и се става во рерна да се потпече. Посолуваме, додаваме масло за јадење и прелив за салати. Се заедно измешуваме.



