Полнети пиперки со урда
- Порции
- 4
- Време на подготовка
- 30 минути
Состојки
- 8 благи пиперки
- 400 гр. урда
- 2 чешниња лук
- 150 гр. пченкарно брашно
- 3 јајца
- 1 лажица сецкан магдонос
- масло за јадење
- сол
Начин на подготовка
Пиперките се мијат и им се отстрануваат семките. Во поголем сад се мешаат урдата, лукот, магдоносот, пченкарното брашно, јајцата. Со оваа смеша се полнат пиперките, а потоа се сечат на парчиња како ролат и се пржат во врело масло.



