Прашај нутриционист
Ако имате прашање кое се однесува на исхраната или Ви е потребен некој совет за поздрав режим на исхрана поднесете го во формата дадена подолу. На Вашето прашање ќе ви одговори нутриционистот Тања Турунџиева, на Вашата е-маил адреса, а некои од прашањата и одговорите ќе бидат објавени на оваа страница. Ве молиме прочитајте ги претходно одговорените прашања пред да го поднесете Вашето прашање.
Тања Турунџиева е познат македонски нутриционист. Таа го води клубот за здрава исхрана и СПА центар Vita Diet. Покрај редовната работа таа пишува текстови поврзани со здравиот начин на исхрана за повеќе списанија, магазини, веб сајтови и редовно се појавува на ТВ.
Ако сте заинтересирани за нејзините совети и консултантски услуги за водење поздрав начин на живот преку здравата исхрана, јавете се во ВИТА ДИЕТ СПА клубот, на 02 2454 379.
Прашања и одговори
Какви се Вашите препораки за составот на пирамидата на здрава исхрана кај еден поединец со нормална телесна тежина (кој нема потреба од редукциона диета), за нашето поднебје? Значи, ме интересира, какво треба да биде учеството на секоја од следниве категории храна (ако може тоа да го искажете во проценти или калории) во здравиот режим ма исхрана: житарките, овошјето и зеленчукот, јатките, мешунките, млекото и млечните производи, скробните производи, рибата, месото, живинското месо, јајцата, растителните масла и се останато? И дали може, низ една илустрација, тоа да го претставите, на пример, како треба да изгледа едно оптимално дневно мени за една жена од 35 години, со умерена физичка активност?


