Турлитава

Порции
4-6
Време на подготовка
30 минути
Време на печење
90 минути

Состојки

  • 1 кг. мешано месо (свинско, телешко, јагнешко)
  • мешан зеленчук (компир, домати, пиперки, кромид, бамји, модар патлиџан, боранија)
  • 1 главичка кромид
  • масло за јадење
  • сол
  • црвен мелен пипер
  • црн пипер

Начин на подготовка

Месото се сецка и се пржи на масло за јадење. Зеленчукот се сецка поситно, се додава на месото со уште малку масло за јадење и вода. Треба да се додаде доволно вода за да се свари смесата, а сепак после печењето не остане многу. Се додаваат зачините и се подварува кратко. Потоа се става во тава и се пече на 200 степени целзиусови околу час и половина. Во текот на печењето се промешува два до три пати. Јадењето е готово кога ќе добие црвено златна кора.


  • Испечати!  
  • Препорачај на пријател!  

Купувајте од ДОМА! On-Line маркет!

Маркет локатор

Локатор на маркети

Маркет во Ваша близина

Е-новости/Е-магазини

Е-Новости

Регистрирајте се за е-новостите и е-магазините на Maxi D!

Најнови понуди во маркет, рецепти, совети за здрав живот, ...

Вашите поплаки и коментари на: