Кариера во МАКСИ Д
Ние веруваме дека човечките ресурси се главниот фактор за остварување на нашите цели.
Ги претпочитаме стручноста, комуникативноста, љубезноста, одговорноста, домаќинското работење, соработката, колегијалноста, лојалноста.

Скопски пазар АД Скопје е една од најголемите компании во Република Македонија, со 56-годишна традиција, со доминантна и растечка трговска дејност, етаблирани малопродажни трговски марки - една од водечките во секторот трговија и услуги во Македонија.
Во Макси Д се трудиме на потрошувачите да им понудиме максимален избор на производи по најповолни цени, максимално добра услуга, максимално задоволство при купувањето и да ја имаме нивната максимална доверба. За да функционира сето тоа сите вработени имаат дефинирани улоги во работењето на Макси Д.
Ние веруваме дека човечките ресурси се главниот фактор за остварување на нашите цели. Посветуваме посебно внимание при изборот на кандидатите за вработување водејќи сметка за задоволувањето на критериумите на нашата компанија. За нововработените спроведуваме обуки за стручност при продажба, а понатамошниот развој на кадрите е наша постојана грижа. Дел од нашата мисија е на нашите вработени да им овозможиме сигурна и пријатна работна средина и можности за професионален и личен развој. Ги претпочитаме стручноста, комуникативноста, љубезноста, одговорноста, домаќинското работење, соработката, колегијалноста, лојалноста.
Во постојана потрага сме по способни индивидуалци кои можат да дадат свој придонес во унапредувањето на нашите услуги.
Ако сакате да конкурирате за работа во Макси Д дисконтите, испратете ни ја Вашата биографија или пополнете го овој online формулар за работа.

