СКОПСКИ ПАЗАР ГО ОТВОРИ ПРВИОТ СОС МАРКЕТ ВО ЗЕМЈАВА

Првата продавница "СОС маркет" наменета за социјално најзагрозените граѓани е отворена во скопската населба Кисела Вода.

СОС МаркетСкопски Пазар А.Д. го пренамени Макси Д дисконтот во "СОС маркет" со цел граѓаните приматели на социјална помош полесно да ја пребродат економската криза.

Производите ќе бидат означени и ќе се продаваат по пониски цени, кај прехранбените до 20-ина проценти, а кај средствата за лична хигиена до 25 отсто, во однос на другите трговски артикли.

СОС МаркетМинистерот за финансии Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, на најранливите групи на граѓани пред Макси Д маркетот во Кисела Вода, им ги доделија првите картички со кои ќе можат да купат производи по пониски цени од редовните.

Корисниците на социјална помош ќе може да го остваруваат своето право на купување производи по намалени цени. Исто така, тие ќе добијат и потврда за идентификација што ќе ја издава Центарот за социјални работи со која ќе може да ги набавуваат потребните производи. За да можат да купат, граѓаните треба да ги носат и нивните лични карти.

Купувајте од ДОМА! On-Lline маркет!

Вашите поплаки и коментари на:

Маркет локатор

Локатор на маркети

Маркет во Ваша близина

Е-новости/Е-магазини

Е-Новости

Регистрирајте се за е-новостите и е-магазините на Maxi D!

Најнови понуди во маркет, рецепти, совети за здрав живот, ...