Потреба од течности
Сите пијалоци се воглавно вода, а водата е неопходен нутритиент. 80% од вкупната количина течности што ја пиеме доаѓа од пијалоците, а останатите 20% од храната.
За да го сочувате своето здравје и да спречите дехидрација, дневно пијте 8 до 12 чаши вода или некој друг освежителен пијалок.
Зошто се важни пијалоците?
Сите пијалоци се воглавно вода, а водата е неопходен нутритиент. Секоја телесна функција зависи од вода, и без вода може да се живее само неколку дена. Водата сочинува 55-75% од нашата телесна тежина. Водата сочинува околу 83% од крвта, 73% од мускулите, 25% од телесните масти и 22% од коските.
80% од вкупната количина течности што ја пиеме доаѓа од пијалоците, а останатите 20% од храната. Овошјето и зеленчукот - свежо, смрзнато и конзервирано - содржи многу вода. На пример, лубениците, доматите, зелената салата и целерот содржат повеќе од 90% вода, а портокалите 87% вода. Млекото, млекото од соја, соковите и супите го снабдуваат човечкиот организам со вода, а содржат и други нутритиенти.
Колку течност ни е потребно дневно?
Организмот, со метаболитичките процеси дневно губи околу 2 литри течност. Храната вообичаено надполнува 20% од вкупниот внес течности, па така ако конзумирате 2 литри вода или други напитоци дневно (нешто повеќе од 8 чаши дневно), типично ќе ја надополнувате загубата од течности. Точната количина вода која е потребна зависи од: возраста, полот, тежината, здравствената состојба, нивото на физичката активност, од храната која се јаде, од лекарствата кои се земаат и од временските прилики. Зависно од полот, обично за мажи се препорачува околу 3 литри, а за жени околу 2.2 литри вкупна количина течности дневно.
Зошто е особено важно пиењето вода?

Изберете ја водата како основен напиток. Таа не е скапа и секогаш е на располагање. Одлично ја гаси жедта, не содржи калории, масто, холестерол или кофеин и содржи многу малку сол. Исто така, спречува дехидрација, ја регулира телесната тежина, ја редуцира задршката на течности во организмот, дава чувство на ситост кога се пие заедно со јадењето, служи како транспортер на нутритиентите и кислорот до клетките, и обезбедува влажност на кожата и другите ткива, помага во спречувањето на констипација, ги јакне мускулите, ја подобрува подвижноста на зглобовите.
Мудро изберете други напитоци

Кога избирате други пијалоци покрај водата, настојувајте тие да имаат многу калциум, витамин А или витамин Ц. Ова вклучува млеко, збогатено соино млеко, сокови од зеленчук и овошје. Бирајте ги пијалоците на основа на натписот на етикетата на пакувањето, така што да содржи 5-20% од дневните потреби на организмот од калциум, витамин А или витамин Ц. по порција. При изборот на млеко, бирајте млеко со истата содржина на калциум, но со намалена масленост и помалку калории од полномасното млеко. Збогатеното млеко од соја е здрава алтернатива за кравјото или козјото млеко.
Ограничете ги пијалоците кои содржат кофеин и алкохол, и премногу шеќер и калории. Примери се засладените пијалоци како: безалкохолните пијалоци, засладените чаеви, спортските пијалоци, овошните сокови и овошните напитоци. Алкохолните пијалоци не се сметаат во вкупниот дневен внес течности. Тие обезбедуваат калории и неколку нутритиенти, додека имаат диуретичко дејство врз организмот. Консумацијата на алкохолни пијалоци треба да биде ограничена и во придружба на другата храна. Според дефиницијата за умерено пиење алкохол, жените треба да пијат до 1 пијалок дневно, а мажите до два пијалоци дневно.
Избегнете ја дехидрацијата
Недостигот на вода може да доведе до дехидрација, состојба кога организмот нема доволно вода за извршување на нормалните функции. Дехидрацијата е ризик по зздравјето, особено за многу младите и ногу старите. Загубата на вода од 20% е опасна по животот. Благата дехидрација во текот на некое време се поврзува со зголем ризик од канцер, бубрежни каменчиња, па и фатални срцеви удари. Жедта е првиот симптом на дехидрација. Течностите треба да се конзумираат пред да се почувствува жед.



