Алкохолни пијалоци

Alkoholni pijaloci!

Пијалоците добиени со ферментација на органска материја, обично шеќер со помош на квасни габички ги нарекуваме алкохолни пијалоци. Во алкохолни пијалоци се вбројуваат виното, пивото, жестоките алкохолни пијалоци (коњак, џин, рум, водка, виски), ликерите и збогатените вина.


За алкохолните пијалоци

Алкохолот настанува со ферментација, што е процес со кој органска супстанција (обично шеќер) се претвора во алкохол со помош на едноклеточен мокроорганизам како што е квасна габичка. Заедничка состојка на сите алкохолни пијалоци е етил алкохолот или етанолот. Тука се вбројуваат пивото (4-6% алкохол); вината (9-13% алкохол); жестоките алкохолни пијалоци (коњак, џин, рум, водка, виски) добиени со дестилација на ферментиран алкохол (38-45% алкохол); ликерите (20-40% алкохол), добиени со засладување и ароматизирање на дестилирани жестоки пијалоци; и збогатени вина (аперативни вина, шери), направени со додавање жесток пијалок на вино (18-25%).

Под дестилирани пијалоци се подразбираат жестоките алкохолни пијалоци и ликерите - тоа се алкохолни пијалоци добиени со дестилација на ферментирани житарки или овошје. Овде не спаѓаат недестилираните ферментирани пијалоци, како што се пивото и виното. Под жесток пијалок се подразбира дестилиран пијалок којшто нема додаден шеќер и содржи најмалку 35% алкохол по волумен. Дестилираните пијалоци кои се засладуваат и ароматизираат се нарекуваат ликери. Дестилацијата е процес на загревање на ферментирана течност, испарување на алкохолот и негова повторна кондензација во течна состојба.


  • Испечати!  
  • Препорачај на пријател!  

Купувајте од ДОМА! On-Lline маркет!

Маркет локатор

Локатор на маркети

Маркет во Ваша близина

Е-новости/Е-магазини

Е-Новости

Регистрирајте се за е-новостите и е-магазините на Maxi D!

Најнови понуди во маркет, рецепти, совети за здрав живот, ...

Вашите поплаки и коментари на: