Политика на заштита на приватноста

Скопски пазар АД се обврзува на заштита и респектирање на Вашата приватност.

Оваа полиса со правила (заедно со условите за користење на нашиот веб сајт под доменот http://www.maxid.com.mk) и останатите веб сајтови на нашата компанија ја поставува основата на која се темели третманот од наша страна на личните податоци што ги собираме од Вас или Вие ги обезбедувате за Вас.

Информациите што ги собираме од Вас и нивна употреба

Во случаи кога посетувате и/или се регистрирате на некои страници од веб сајтот http://www.maxid.com.mk) и останатите веб сајтови на нашата компанија (како што е страницата со формуларот за работа), може од Вас да се бара да обезбедите важни лични податоци, како име и презиме, година на раѓање, email адреса, образование, стручни квалификации, претходно работно искуство, етничко потекло, дали пазарувате во нашите малопородажни објекти (во коментарот за нашите услуги) и други важни податоци.

Исто така, вршиме мониторинг на посетеноста на нашите веб сајтови, при што доаѓаме до одредени информации, кои не се Вашите лични податоци, а се однесуваат на Интернет провајдерот што го користите, Вашата IP адреса и локацијата од каде пристапувате на Интернет, типот на веб читачот (Internet Explorer, Mozilla Firefox итн), оперативниот систем (WIndows, Linux, итн.), пребарувачите (www.google.com, www.pogodok.com.mk) и резолуцијата на Вашите монитори што ги користите, клучните зборови што ги употребувате во пребарувачите и преку кои доаѓате до нашите веб страници. Овие податоци ги користиме за статистички цели што ни овозможуваат да ги унапредуваме нашите веб сајтови, како би биле покорисни за Вас.

Ние не ги собираме Вашите лични податоци ако тоа не е значајно и во тој случај тоа го правиме исклучиво со Ваше знаење и експлицитно одобрување при што користиме заштитни техники и процедури.

Личните податоци што ги собираме за Вас ги користиме и анализираме за унапредување и понатамошен развој на нашите веб сајтови и услугите на нашата компанија.

Вашата емаил адреса која како податок Ви ја бараме при поднесување формулар од Ваша страна преку веб страниците на http://www.maxid.com.mk нема да ка користиме за никакви недозволени цели (на пр., спам), ниту ќе дозволиме пристап до неа на трети лица. Не ја прифаќаме регистрацијата за е-новости на Вашата email адреса ако Вие не ни потврдите дека сте сопственик на емаил адресата и не ја зачувуваме во нашата база ако Вие тоа не го изберете. При тоа користиме сигурносни процедури за заштита од злоупотреба од автоматски програми за генерирање спам. Ви ја оставаме на располагање опцијата да ја откажете регистрацијата за добивање е-новости во секое време.

Маркет локатор

Локатор на маркети

Маркет во Ваша близина

Е-новости/Е-магазини

Е-Новости

Регистрирајте се за е-новостите и е-магазините на Maxi D!

Најнови понуди во маркет, рецепти, совети за здрав живот, ...

Вашите поплаки и коментари на: