BMI калкулатор

: cm
: kg

Што е BMI?

Индексот на телесната тежина (Body Mass Index - BMI) е број што се пресметува од висината и телесната тежина на една личност. BMI е веродостоен индикатор за дебелината кај луѓето. Истражувањата покажале дека BMI е во корелација со директните мерења на телесните масни наслаги, па може да се смета како алтернатива за нивно мерење. Дополнително, BMI е ефтин и лесно изводлив метод за екранизација за тежинските категории кои можат да предизвикаат здравствени проблеми.

Како се користи BMI?

BMI се користи како скрининг алатка за идентификација на можните проблеми поврзани со тежината кај возрасните. Меѓутоа, BMI не е алатка за дијагностицирање здравствени проблеми. Значајно е да се запомни дека BMI, односно тежината не единствениот фактор на ризик од болести. За одредување на веројатноста од појава на болести поврзани со прекумерната и преголемата телесна тежина, треба да се земат предвид и други предуслови како:

  • индивидуалниот обем на струк (бидејќи масните наслаги на абдоменот се фактор на ризик за болести предизвикани од дебелина),
  • други индивидуални фактори на ризик и состојби поврзани со дебелината (како високиот крвен притисок или физичката неактивност).

Како се пресметува?

BMI се пресметува на ист начин и кај возрасни и кај деца според следната формула:
висина(кг)/[тежина(м)]*[тежина(м)]

Интерпретација на BMI кај возрасни

Кај лица на возраст од 20 години и постари, BMI се интерпретира со примена на стандардните категории на тежински статус кои се исти за сите возрасти, и кај мажи, и кај жени. Стандардната категоризација на тежинскиот стаус поврзан со BMI ранговите за возрасни се прокажани во следната табела:

BMI Тежина
Под 18.5 Под нормална
18.5 - 24.9 Нормална
25.0 - 29.9 Прекумерна
30 и повеќе Преголема

Интерпретација на BMI кај деца и тинејџери, од 2 до 19 години

Иако BMI бројот се пресметува на ист начин и кај деца и кај возрасни, критериумот за интерпретирање на значењето на BMI кај деца и тинејџери се разликува од оној којшто се применува кај возрасни. Кај деца и тинејџери, BMI процентите се зависни од полот и возраста поради две причини:

  • количината на телесните масни наслаги се менува со возраста
  • количината на телесните масни наслаги е различна кај момчињата и девојчињата

Поради овие фактори, интерпретацијата на BMI е специфична по пол и возраст за деца и тинејџери. Графиконите за BMI пораст на CDC (Центарот за контрола и превенција на болести на САД - Centers for Disease Control and Prevention) овозможуваат превод на BMI бројот во процент според возраста и полот на детето.

Ранг на BMI проц. распределба Тежина
< 5% Под нормална
Од 5% до <85% Нормална
Од 85% до <95% Прекумерна
>= 95% Преголема

BMI распределбата на проценти за деца кажува колкав е BMI на едно дете во споредба со референтната популација на илјадници деца на која е базиран BMI графиконот. На пример, ако едно момче има 8 години и ако неговиот BMI спаѓа во 60-тиот процентуален ранг, тоа значи дека 40% од момчињата на 8 години имаат повисок BMI, а 60% имаат понизок BMI од тоа дете.

Графикон за читање на BMI кај момчиња

Графикон за читање на BMI кај девојчиња

BMI калкулатор за деца и тинејџери

Колку BMI е веродостоен индикатор на телесните масни наслаги

Поврзаноста помеѓу BMI и телесните масни наслаги е многу јака, меѓутоа таа корелација се менува во зависност од полот, расата и возраста. Овие варијации ги вклучуваат следните примери:

  • Со истит BMI, жените по правило имаат повеќе телесни масни наслаги од мажите;
  • Со истиот BMI, постарите лица, во просек, имаат повеќе масни наслаги отколку помладите
  • Атлетичари или поизвежбани лица може да имаат повисок BMI повеќе поради зголемена мускуларност отколку повеќе масни наслаги.

Треба да се напомене дека BMI не е дирекна мерка за телесните масни наслаги и дека BMI се пресметува од индивидуалната тежина која вклучува и мускули и масни наслаги. Како резултат на тоа, некои индивидуалци (спортисти) можат да имаат висок BMI, но не и висок процент масни наслаги. Иако некои лица со BMI во опсегот од 25 до 29.9, може да немаат вишок масни наслаги, повеќето луѓе со BMI во опсегот на преголема телесна тежина (>=30) имаат зголемено ниво на масни наслаги.

Кои се последици по здравјето поради прекумерна и преголема телесна тежина

Лицата со прекумерна и преголема телесна тежина имаат зголемен ризик за многу болести и здравствени состојби, меѓу кои и следниве:

  • висок крвен притисок
  • дислипидемија (на пример, висок LDL холестерол, низок HDL холестерол или високи нивоа на триглицериди)
  • дијабетис, тип 2
  • коронарни срцеви заболувања
  • удар
  • Галбладерова болест
  • Остеоартритис
  • апнеа при спиење и респираторни проблеми
  • некои видови канцер (рак на дојка, ендометриален канцер и др.)

  • Испечати!  
  • Препорачај на пријател!  

Маркет локатор

Локатор на маркети

Маркет во Ваша близина

Е-новости/Е-магазини

Е-Новости

Регистрирајте се за е-новостите и е-магазините на Maxi D!

Најнови понуди во маркет, рецепти, совети за здрав живот, ...

Вашите поплаки и коментари на: