Физичка активност

Физичката активност за здравјето

Пронајдете го балансот помеѓу храната и физичката активност

Физичка активност за здравје

Да бидете поздрави не значи само да се храните поздраво туку и да бидете физички активни. Регуларната физичка активност е значајна за целокупното здравје и виталност. Исто така, помага во контролата на телесната тежина, балансирањето на калориите што ги внесувате како храна со калориите што ги трошите секојдневно.

  • Бидете физички активни најмалку 30 минути дневно повеќето денови во неделата.
  • Зголемувањето на интензитетот или времето на физичката активност може да ви обезбеди поголеми придобивки по здравјето и може да биде потребно за контрола на телесната тежина. За спречување од наголемување на тежината може да се потребни околу 60 минути дневно.
  • Децата и тинејџерите треба да бидат физички активни 60-тина минути дневно, скоро секој ден.

Било каква физичка активност е подобра од никаква.

Што е најдобро? Не е потребен маратонски тренинг за да се почувствуваат вистинските придобивки по здравјето. А, било која физичка активност е подобра од никаква активност. 30-минутно брзо одење 5 пати неделно е се што Ви е потребно. Или, можете да практикувате 20 минутна поенергична физичка активност како на пример, џогирање, аеробик, тенис - 3 пати неделно. Или некоја комбинација од двете. Колку повеќе физичка актиност, толку подобро. Но, не морате да останете само на трчање или пешачење. Многу активности се сметаат како вежбање: танцување, лизгање, работа во градина. Всушност, се што Ве тера да се движите.

Имајте го на ум следново: ако јадете повеќе калории дневно отколку што можете да согорите, вашата телесна тежина ќе се зголемува. Оттука, за да губите килограми, важно е да го намалите внесот на калории и да ја зголемите физичката активност.

Неколку совети како да бидете физички поактивни:

  • Изберете активности кои ги сакате. Изберете активности во кои уживате - што и да е што Ве тера да се движите. Многу активности се сметаат за вежбање: танцување, пешачење, кошарка, работа во градина, ...
  • Поделете ја Вашата дневна физичка активност. Не мора физичката активност дневно да се остварува наеднаш. Може да се подели на пример, во три временски интервали наутро, на пладне и навечер од по 10 минути и тоа ќе го даде истиот бенефит како и вежбањето наеднаш во траење од 30 минути.
  • Вежбајте заедно со пријател. - Тоа може да Ве поттикне да започнете некоја физичка активност и да одржите редовно темпо.
  • Ручајте додека се движите. Не го поминувајте Вашиот ручек седејќи. Земете брз оброк и упатете се во вежбална или отидете на пешачење.

  • Испечати!  
  • Препорачај на пријател!  

Маркет локатор

Локатор на маркети

Маркет во Ваша близина

Е-новости/Е-магазини

Е-Новости

Регистрирајте се за е-новостите и е-магазините на Maxi D!

Најнови понуди во маркет, рецепти, совети за здрав живот, ...

Вашите поплаки и коментари на: