Зошто е важно да се јаде овошје?

Зошто е здраво да се јаде овошје?

Луѓето кои јадат повеќе овошје и зеленчук како дел од здравиот режим на исхрана, го намалуваат ризикот од некои хронични заболувања. Зеленчукот обезбедува хранливи материи витални за здравјето и одржувањето на нашиот организам.

Придобивки по здравјето

  • Исхраната богата со овошје и зеленчук, како дел од целокупниот здрав режим на исхрана, може да го редуцира ризикот од удар и можеби кардиоваскуларни болести.
  • Исхраната богата со овошје и зеленчук, како дел од целокупниот здрав режим на исхрана, може да го намали ризикот од дијабетис тип 2.
  • Исто така, таквата исхрана штити од некои видови канцер, како на уста, стомак и рак на дебелото црево.
  • Исхраната богата со влакна, како зеленчукот и овошјето, може да го намали ризикот од коронарно срцево заболување.
  • Исхраната со зеленчук и овошје богата со калиум може да го намали ризикот од развој на каменчиња во бубрезите и може да помогне во намалувањето на губењето на коскената маса.
  • Конзумирање овошје сиромашно со калории наместо некоја друга висококалорична храна може да биде корисна за намалување на калорискиот внес.

Хранливи материи

Повеќе цело овошје?

  • Повеќето видови овошје содржат ниско ниво на масти и калории. Ниту еден вид природно не содржи холестерол.
  • Овошјето е важен извор на многу хранливи материи, како калиум, диетални влакна, фолна киселина и витамин Ц.
  • Исхраната богата со калиум може да помогне во одржувањето на нормалниот крвен притисок. Овошни извори на калиум се бананите, сувите сливи, сувите праски и кајсии, дињата и сокот од портокал.
  • Диеталните влакна од овошјето, како дел од здравиот режим на исхрана, помагаат во намалувањето холестеролот во крвта, а исто така, можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања. Влакната се важни за правилната работа на цревата. Помагаат во намалувањето на констипацијата (запекот) и превентивата од појава на хемороиди. Целите овошки се извори на влакна, додека цедените овошни сокови содржат многу малку влакна или воопшто не содржат.
  • Фолната киселина помага во формирањето на црвените крвни зрнца. Жените кои би можеле да затруднат и оние во првото тромесечие на бременост треба д конзумираат соодветна количина фолна киселина од храна која природно содржи фолна киселина или од суплементи. Ова го намалува ризикот од развој на аномалии кај фетусот.
  • Витаминот Ц помага во зараснувањето на раните и ги одржува здрави забите и непцата. Исто така, овој витамин ја помага апсорпцијата на железото.

Општи совети

  • Имајте во секое време овошје на маса или во фрижидер
  • Исеченото овошје чувајте го во фрижидер за подоцна
  • Купувајте свежо и сезонско овошје. Не само што чини помалку, туку и највкусно е и со најголема хранлива вредност.
  • Купувајте суво, смрзнато, канирано (во вода или сок) како и свежо, така што секогаш да го имате при рака.
  • Ако купувате овошје во пакувана форма, бирајте без додадок на шеќер.

За максимум хранлива вредност

Безбедно чување на овошјето?

  • Практикувајте вашиот избор на овошје да биде повеќе цели парчиња овошје отколку сок од цедено овошје за да ги искористите бенефициите од диеталните влакна.
  • Бирајте овошје со повеќе калиум
  • Бирајте разновидно овошје. Различното овошје се разликува по нутриционистичкиот состав.

Совети за деца

  • Дајте им добар пример на децата со тоа што ќе јадете овошје секој ден.
  • Овозможете им на децата да можат да изберат какво овошје сакаат да јадат.
  • Во зависност од возраста, децата може да помагаат при купувањето, чистењето, лупењето или сечкањето на овошјето.
  • Додека пазарувате, дозволете им на децата да одберат некое ново овошје кое ќе го пробат дома подоцна.
  • Понудете им интересно декорирани чинии со парченца различно овошје.
  • Понудете им суво грозје или друго суво овошје наместо бонбони.
  • Подгответе им свежо исцеден сок за да понесат со себе кога излегуваат од дома наместо засладени пијалоци.

Безбедно чување на овошјето

Безбедно чување на овошјето?

  • Измијте го овошјето пред да го подготвувате или јадете. Тријте го енергично со рацете под млаз чиста вода за да се отстрани нечистотијата и површинските микроорганизми. Исушете го после миењето.
  • Чувајте го зеленчукот одвоено од суровото месо, живина и морската храна при пазарување, подготвување или складирање храна.

  • Испечати!  
  • Препорачај на пријател!  

Купувајте од ДОМА! On-Lline маркет!

Маркет локатор

Локатор на маркети

Маркет во Ваша близина

Е-новости/Е-магазини

Е-Новости

Регистрирајте се за е-новостите и е-магазините на Maxi D!

Најнови понуди во маркет, рецепти, совети за здрав живот, ...

Вашите поплаки и коментари на: