Семеен пикник

Семеен пикник!

Летото сеуште трае. Зошто да не ги искористите до крај топлите денови и викенди во спонтани семејни излети? Дестинацијата е второстепена во однос на уживањето во неформалниот оброк, на чист воздух, со бројни можности за фамилијарни спортски активности (фудбал, одбојка итн) или игра со домашните миленичиња! Локацијата може да биде Вашиот двор или паркот во близина - не мора да планирате пикник на голема далечина.


Пикник со деца

Децата сакаат излети. Се е поубаво во природа. Родителите се поопуштени, игрите се позабавни а храната е повкусна.

7 совети за успешен семеен пикник

  1. Најпрво, кажете им на Вашите деца дека имате намера да организирате заеднички фамилијарен излет во природа и дека ви е потребна нивната помош и нивните сугестии.
  2. Дозволете им сами да изберат од следната листа на задолженија околу подготовките:
    • Мени
    • Собирање состојки и подготовка на храната
    • Пијалоци
    • Покривки
    • Кошници, чанти, кутии за транспортирање на храната
    • Пластични или хартиени чинии, чаши, прибор за јадење итн.
    • Реквизити за игри: спортска опрема, играчки за кучиња, јаже за скокање, итн.
  3. Не му давајте на секое дете повеќе од две задолженија.
  4. Одредете го времето до кога сите задолженија мора да бидат комплетирани.
  5. Ако сте вработена мама, планирајте го пикникот еден ден порано, за да добиете дополнително време за купување и подготовка на храната. Нема потреба да правите се од почеток - лесно е да се направи комбинација од веќе готови салати и некои домашно направени сендвичи.
  6. Охрабрете ги децата да бидат малку повеќе авантуристички настроени при подготовката на оброците - на пример да искористат сезонски намирници во сендвичите со кои не се баш фамилијарни итн.
  7. Останете смирени - не заборавајте, а потсете ги и другите дека идејата е да се забавувате.

Уживајте во заедничката игра

Се разбира дека нема успешен пикник без весели игри во кои учествуваат сите без исклучок, и децата, и родителите и сите останати. Низ смеа, силите можат да се одмерат во класични излетнички игри, тенис, одбојка, фрлање фризби, или трка меѓу парови со меѓусебно заврзани нозе, натпревар кој прв со заврзани раце ќе го изеде овошјето обесено на дрво или переците наредени на лента распната помеѓу две дрва. Пикникот е идеална прилика родителите да ги научат своите деца на игрите кои ги играле во нивното детство. Ливадите се идеални за пуштање балони со хелиум со порака, змеј претходно направен дома или фаќање пеперутки со мрежа. Можете да пешачите или да возите велосипед по природни патеки. Можете да направите и прошетка со истражување на теренот. Понесете и ЦД плејр и цд-а со музика. Децата сакаат да слушаат музика и да играат.


  • Испечати!  
  • Препорачај на пријател!  

Маркет локатор

Локатор на маркети

Маркет во Ваша близина

Е-новости/Е-магазини

Е-Новости

Регистрирајте се за е-новостите и е-магазините на Maxi D!

Најнови понуди во маркет, рецепти, совети за здрав живот, ...

Вашите поплаки и коментари на: