Зошто е важно да се јаде зеленчук?

Зошто е здраво да се јаде зеленчук?

Луѓето кои јадат повеќе зеленчук и овошје како дел од здравиот режим на исхрана го намалуваат ризикот од некои хронични заболувања. Зеленчукот обезбедува хранливи материи витални за здравјето и одржувањето на нашиот организам.

Придобивки по здравјето

  • Исхраната богата со овошје и зеленчук, како дел од целокупниот здрав режим на исхрана, може да го редуцира ризикот од удар и можеби кардиоваскуларни болести.
  • Исхраната богата со овошје и зеленчук, како дел од целокупниот здрав режим на исхрана, може да го намали ризикот од дијабетис тип 2.
  • Исто така, таквата исхрана штити од некои видови канцер, како на уста, стомак и рак на дебелото црево.
  • Исхраната богата со влакна, како зеленчукот и овошјето, може да го намали ризикот од коронарно срцево заболување.
  • Исхраната со зеленчук и овошје богата со калиум може да го намали ризикот од развој на каменчиња во бубрезите и може да помогне во намалувањето на губењето на коскената маса.
  • Конзумирање зеленчук сиромашен со калории наместо некоја друга висококалорична храна може да биде корисна за намалување на калорискиот внес.

Хранливи материи

Овошје богато со калиум?

  • Повеќето видови зеленчук содржат ниско ниво на масти и калории. Ниту еден вид природно не содржи холестерол.
  • Зеленчукот е важен извор на многу хранливи материи, како калиум, диетални влакна, фолна киселина, витамин А, витамин Е и витамин Ц.
  • Исхраната богата со калиум може да помогне во одржувањето на нормалниот крвен притисок. Зеленчукот кој е богат извор на калиум вклучува компири, домати, грав, грашок, боранија, соја, леќа, зимска тиква, спанаќ и др.
  • Диеталните влакна од зеленчукот, како дел од здравиот режим на исхрана, помагаат во намалувањето на крвниот притисок, а исто така, можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања. Влакната се важни за правилната работа на цревата. Помагаат во намалувањето на констипацијата (запекот) и превентивата од појава на хемороиди.
  • Фолната киселина помага во формирањето на црвените крвни зрнца. Жените кои би можеле да затруднат и оние во првото тромесечие на бременост треба д конзумираат соодветна количина фолна киселина од храна која природно содржи фолна киселина или од суплементи. Ова го намалува ризикот од развој на аномалии кај фетусот.
  • Витаминот А ги одржува очите и кожата здрави и помага во заштитата од инфекции.
  • Витаминот Е ги заштитува витаминот А и есенцијалните масни киселини од келиска оксидација.
  • Витаминот Ц помага во зараснувањето на раните и ги одржува здрави забите и непцата. Исто така, овој витамин ја помага апсорпцијата на железото.

Општи совети

  • Купувајте свеж сезонски зеленчук. Тие чинат помалку, највкусни се и ја имаат максималната хранлива вредност.
  • Чувајте смрзнат зеленчук за лесно готвење.
  • Купувајте зеленчук кој е лесен за подготвување.
  • Правете разновиден избор на зеленчук, за да ви биде оброкот разновиден.
  • Јадете го зеленчукот во што посурова форма, свеж или лесно зготвен на пара.

За максимум хранлива вредност

  • Бирајте зеленчук со повеќе калиум
  • Разноразните сосови и зачини може да му додадат на зеленчукот калории, масти и сол. Затоа внимателно читајте ги нутриционистичките податоци на етикетите на купените продукти.
  • Приготвувајте повеќе храна од свежи состојки за да го намалите внесот на сол. Солта во исхраната потекнува најмногу од пакуваната и обработената храна.
  • Купувајте повеќе конзервиран зеленчук на кој не му е додадена сол.

Совети за деца

Совети за деца за зеленчукот

  • Дајте им добар пример на децата со тоа што ќе јадете зеленчук како дел од вашите оброци и ужинки.
  • Допуштете им на децата да го направат изборот на зеленчукот за главното јадење или за салатите.
  • Во зависност од возраста, децата може да помагаат при купувањето, чистењето, лупењето или сечкањето на зеленчукот.
  • Дозволете им на децата да одберат некој нов зеленчук за домашната кујна додека пазарувате.
  • Нудете им на децата зеленчук сечкан на парчиња како дел од попладневните ужинки.
  • Децата најчесто сакаат храната да им се сервира одвоено. Па, наместо мешан зеленчук, обидете се да им сервирате два вида зеленчук одвоено.

Безбедно чување на зеленчукот

Безбедно чување на зеленчукот

  • Измијте го зеленчукот пред да го подготвувате или јадете. Тријте го енергично со рацете под млаз чиста вода за да се отстрани нечистотијата и површинските микроорганизми. Исушете го после миењето.
  • Чувајте го зеленчукот одвоено од суровото месо, живина и морската храна при пазарување, подготвување или складирање храна.

  • Испечати!  
  • Препорачај на пријател!  

Купувајте од ДОМА! On-Lline маркет!

Маркет локатор

Локатор на маркети

Маркет во Ваша близина

Е-новости/Е-магазини

Е-Новости

Регистрирајте се за е-новостите и е-магазините на Maxi D!

Најнови понуди во маркет, рецепти, совети за здрав живот, ...

Вашите поплаки и коментари на: