Услови за користење на сајтот
Скопски пазар АД Скопје ги објавува информациите на своите интернет страници само за информативни цели.
Пребарувањето на интернет страниците на веб сајтовите на компанијата истовремено значи и прифаќање на следните услови:
- Интернет страниците на веб сајтот http://www.maxid.com.mk се оперативни од страна Скопски пазар АД Скопје.
- Брендовите Скопски пазар, СП маркет, Макси Д, Бонус Плус, Ресторан 14, Ресторан Александрија - се предмет на заштита на правото на трговски знак. Сите активности кои се предмет на заштита на правото на трговски знак и сите права поврзани со овој вид активности се задржани.
- Дозволено е да се печатат и симнуваат делови од веб сајтот само за Ваша лична употреба. Ниту еден дел од веб сајтот не смее да се репродуцира или зачувува во други веб сајтови или да се вклучува во било каков јавен или приватен систем за електронско пребарување без писмена дозвола од компанијата.
- Ако земете учество во дискусионит форум на веб сајтот http://www.maxid.com.mk, одговорни сте за податоците и содржините што ги објавуватее на форумот. Имено, со учеството во форумот Вие сте одговорни дека пораките што ги публикувате на форумот не ги кршат личните и сопственичките права на трети страни, дека не публикувате содржина која е навредлива, насилна, заканувачка, порнографска, дискриминаторска, скандалозна, која врши неовластено рекламирање итн.; пораките во дискусиониот форум мора да ги содржат точните имиња и електронски адреси на учесниците, мора да содржат нови идеи, мора да се напишани со коректна големина на буквите и не треба да бидат напишани со големи букви или специјални карактери со цел да привлечат внимание; дискусиониот материјал е само за лична употреба и не смее да се користи за комерцијални или други неавторизирани цели со публикација, ретрансмисија, дистрибуција или поиналку. Модераторот на веб сајтот го задржува правото да го отстрани секој учесник и неговиот пост на форумот кој ги крши овие правила, без предупредување.
- Иако компанијата настојува нејзините веб сајтови да се расположливи непрекинато 24 часа дневно, пристапот до страниците може да биде прекинат привремено и без најава во случај на системски испади, одржување, репарации или причини надвор од контролата на компанијата.

